Тој октомври

Wednesday, October 15, 2014

Тој октомври ракијата посебно ми годеше.
Небаре можеше да ја дезинфицира душата.
Одеднаш лутината веќе не ми пречеше.
Не ми пречеа ни зачадените кафичи.
Ни нечистите тоалети чии врати сведочеа за небројни искршени светови.
Ни платата што доцнеше, ни осаменото шише вода во фрижидерот.
Ни улиците туѓи во мојот град,
Ни прекорните погледи на комшиката од први.
Ни дождот што не знаеше да заспие.
Ништо не ми пречеше...
Не толку колку тој октомври без тебе.

0 comments:

Post a Comment