Линии

Wednesday, June 18, 2014

Секое утро, точно во петнаесет до седум, во огледалото го поздравуваа три линии, три оставштини на лицето. Првата од синот кој не можеше да си дозволи повеќе од „сега ли најде?“ кога татковата душа отпатува. Втората од родителот што ги стегаше последните дваесет марки за нови фармерки испраќајќи го студентот на автобуска. Третата од сопругот кој го пиеше првото кафе во недела наутро без онаа чиј молк му беше најпријатен.

Утрото после операцијата го поздрави и четврта линија, единствената што му донесе спокој, рамната линија на апаратот до него.

0 comments:

Post a Comment