Телефонски повик

Sunday, August 24, 2014

Првиот пат за миг ја разори ноќта,
ненадејно светот останал без еден жител.
По него спакував црнина од солзи и безгрижно детство.
Вториот пат телефонот онеме,
ненадејно светот останал без една љубов.
По него спакував изгрицкани нокти и помодрено его.
Два телефонски повици стуткав меѓу приказните за загуба.

0 comments:

Post a Comment